(Видео) Се урна брана во Кенија: над 40 мртви, од кои речиси половина се деца

by Fokus

Повеќе од 40 луѓе загинаа откако падна брана во селото Камучири во Кенија. Браната попушти по обилните дождови и поплави, а водата однесе многу куќи.

„Имаме 42 мртви, што е конзервативна проценка. Се уште има тела во калта“, изјави за AFP Сузан Кихика, гувернерката на округот Накуру.

Во последниот месец, повеќе од 100 луѓе загинаа во поплавите што опустошија делови од Кенија.

Спасувачките екипи копаат низ калта во потрага по преживеани во село во близина на градот Маи Махиу, на околу 60 километри од главниот град Најроби.

„Од пронајдените 42 тела, 17 се деца“, изјави за Ројтерс началникот на полицијата Стивен Кируи.

Поврзани новости