EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Ја видовме и првата „метла“ во овогодишниот НБА плеј-оф, а тоа го направи тимот на Минесота над Феникс. Во четири натпревари, Минестоа рутински ги победија Санси и сега ги чекаат Никола Јокиќ и Денвер во полуфиналето на Западот, а Бредли Бил особено потфрли во оваа серија. Поранешниот кошаркар на Вашингтон дојде како големо засилување да направи „голема тројка“ со Девин Букер и Кевин Дурент, но целосно потфрли.

Во последниот натпревар оваа сезона за него и за Феникс, тој го напушти теренот во 31. минута поради шест лични грешки, а дотогаш беше многу, многу лош, постигна само девет поени, шутираше од 4/13 поле, и 1/5 за три поени. Одигра добро во првиот и третиот меч од серијата, кога постигна 36 и 28 поени, но меѓу нив беше мошне лош.

Бил има договор за следните три сезони и за тоа време ќе добие 161.000.000 долари од Санси. Следната година му следуваат 50.000.000, па 54.000.000, а потоа 57.000.000 долари. Сите тие три сезони се зголемуваат платите на Кевин Дурент, Девин Букер, но и Јусуф Нуркиќ, Грејсон Ален и Насир Литл.