Драгана Мирковиќ после брачниот бродолом, има и здравствени проблеми, со тироидната жлезда

438

Пејачката Драгана Мирковиќ која со денови наназад ги полни страниците на порталите и во весниците со својот развод од бизнисменот Тони Бијелиќ, ја отвори својата напатена душа и сега зборува и за здравствените проблеми. Таа се бори со заболена тироидна жлезда.

-Со години молчев и страдав. Многу млада влегов во шоу-бизнисот  и немав заштита. Се борев сосема сама! Сето ова доведе до тие последици кои ги добив пред 10 години. Порано лажев, кажував дека често ме боли грлото, но на крајот испадна дека ми е зафатена тироидната жлезда, па добив и некои други здравствени проблеми. Сепак, ја одржував мојата позитивност и радост. Со години ме прашуваат што сакам например, за Нова година? Па што сакам, само „статус кво“, ништо да не се смени. Сега малку ми е непријатно од овие фотографии што ги објавуваат новинарите, на кои сум пред замокот. Ги молам луѓето да не мислат дека тоа е животот на Драгана Мирковиќ, затоа што јас сум една од најнормалните  која е чувствителна, која сочувствува со луѓето. Вљубена сум во луѓето, музиката и публиката.

Драгана не е препотентна, Драгана е мајка, и добра пријателка, а оваа пред замокот е само Драгана Мирковиќ како естрадна ѕвезда. Тоа нема врска едно со другото. Многумина велат: „На Драгана и е лесно да зборува“, но немаат поим што доживеав , преживеав, се борев, победив кога мислев дека е невозможно, си ја спасив душата. И после се имам многу љубов во себе за сите, раскажа Драгана.

Инаку, пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ ставија крај на бракот по 24 години. Иако Тони се исели од домот во кој живееше со Драган и неговите деца, замокот Ебенфурт во близина на Виена, пред неколку дена објави видео од него. Во исто време нејзиниот сега веќе поранешен Тони, наводно во Загреб го организирал собирот во претседателскиот апартман на еден луксузен хотел. Како што се наведува понатаму, меѓу гостите бил и загрепскиот дизајнер Ивица Скоко, кој со својата пријателка Милена дошол на 15-ти кат од луксузниот хотел.

Ивица останал многу кусо, а потоа бил виден како оди низ гаражата со другарот до неговата куќа. Скоко ја запознал Драгана за време на снимањето на спотот со Бобан Рајовиќ и Алка Вуица. И со Драгана стана многу близок. Тоа кај Тони Бијелиќ предизвикуваше голема љубомора….Кога Тони го повика еднаш на телефон,  тој му ја спуштил слушалката. Од тогаш работите почнаа скоро да се нишат кај Драгана….  Д.М.