Напуштањето на миленици е суровост за која не постои никакво оправдување

38

Напуштањето на милениците е суровост за која не постои никакво оправдување, велат од јавното претпријатие „Лајка“. Оттаму, додаваат дека треба се има предвид дека ниту куче, ниту мачка кои се претходно чувани дома не се свесни за опасностите кои ги демнат од коли, други животни, или луѓе и нема да се снајдат на улица.

– За нив загубата која ја чувствуваат по вас е неопислива и исклучително тешка, многу од нив очајуваат до степен да не јадат со денови и талкаат бескрајно за да го најдат своето човечко семејство. Доколку мислите дека животното е: играчка, статусен симбол, начин да стекнете пари преку негово размножување и продажба на потомството, слатко така малечко, но друг ќе се грижи за него кога ќе порасне, создадено да чува и биде врзано на ланец, добро само додека е слатко, весело, здраво и предодредено на крај да заврши само, на улица или во стационар, немојте да земете животно – порачуваат од „Лајка“ .

Додаваат дека треба убаво да размислите, бидејќи животните се човековиот најверен пријател, а тие немаат избор и нивните судбини зависат од нас и покануваат да дојдете во ЈП „Лајка“ каде, како што велат за нова шанса молат многу напуштени миленици.