Во првото тримесечје на Полициската станица за гранични проверки „Меѓународен Аеродром – Скопје”, бележиме зголемен проток на патници во однос на истиот период лани, со вкупно регистрирани 603.537 од кои домашни 296.728 и странски 306.809 патници, а во фреквенција биле и 2.507 домашни и странски воздухоплови.

Ова го изјави дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за граничи работи и миграции, Сашо Смилески по средбата со раководството на полициска станица за гранични проверки „Меѓународен аеродром – Скопје“.

– Во однос на регистрирани кривични дела, бележиме два откриени случаи на фалсификувани документи. Поднесени се 65 прекршочни пријави и извршени 92 претреси на лица, лишени од слобода 14 лица, приведени 78 лица – информира Бојмацалиев по средбата.