Вилијам и Кејт се огласија по повод 13-годишнината од бракот: објавија досега невидена фотографија

by Fokus

Принцот и принцезата од Велс споделија фотографија направена по повод 13-годишнината од бракот.

Фотографијата, која досега не е видена, беше објавена на нивниот официјален профил на социјалната мрежа X, а ги прикажува Кејт и Вилијам откако се венчаа во 2011 година.

„Среќна годишнина. Не можам да верувам дека поминаа 13 години. Толку добро се сеќавам на овој момент. Ви испратив многу љубов на двајцата на вашиот посебен ден”, изјави фотографката Мили Пилкингтон.

Нивната венчавка на 29 април 2011 година беше главна вест ширум светот, а очите на јавноста беа насочени кон невестата и младоженецот, а особено кон венчаницата на тогаш 29-годишната Кејт.

Таа носеше бел фустан со V-деколте со долги чипкани ракави. Венчаницата ја дизајнираше Сара Бартон за Александар Меквин. Како што тогаш беше објавено, Кејт го избра британскиот бренд поради убавината на неговата изработка и почитувањето на традиционалната изработка. Нејзината идеја била да ги „комбинира традицијата и модерноста со уметничката визија што ја карактеризира работата на Меквин“.

Поврзани новости