Единствено со Левица не сакаме да бидеме во иста влада, таа е антиевропски настроена, порача Меџити

by Fokus

Лидерот на партијата Демократско движење, Изет Меџити, кој е дел од коалицијата „Вреди“ вели дека не сакаат да бидат дел од некоја влада која нема да биде европски настроена. Тој нагласи дека единствено со Левица не би сакале да бидат дел од иста влада бидејќи, како што рече, таа е антиевропски настроена.

„Ние не сакаме по секоја цена да бидеме дел од некоја влада која нема да биде европски настроена. Цениме дека таква партија е само Левица, која е антиевропски настроена и со нив не би сакале да сме во иста влада. Другите, кој повеќе кој помалку, се европски настроени. Наш приоритет е европската интеграција“, вели Меџити.

На прашањето кои услови ќе ги бараат од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по изборите Меџити рече дека сега се фокусирани на промовирање на нивната кампања и на победата на изборите.

„После тоа ќе седнеме и ќе преговараме за програмата на владата каде што ќе има усогласување. Ние сме стожер и партнер и на меѓународната заедница и на граѓаните дека Македонија ќе се движи по патот кој е единствена алтернатива за земјата, а тоа е евроатлантскиот процес“ рече Меџити.

Поврзани новости