Breaking News

ЕУ ги продолжи привремените мерки за борба против онлајн сексуална злоупотреба на деца за уште две години 


Советот на ЕУ денеска усвои Регулатива со која се продолжува важноста на привремените мерки за борба против сексуалната злоупотреба на деца преку Интернет до 3 април 2026 година, јави дописникот на МИА од Брисел.


 Со Регулативата давателите на онлајн интерперсонални комуникациски услуги се ослободуваат од обврската за тајност на личните и другите податоци на лица осомничени за сексуална злоупотреба на деца, а исто така се обврзани и да ги пријават таквите случаи на надлежните и да ја острината соодветната содржина.


 Важноста на мерките е продолжена со цел да се добијат сеопфатни информации и споредлива статистика за извештаите за откриена сексуална злоупотреба на деца на интернет.

 Регулативата ќе стапи во сила наредниот ден од нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ.


 Отстапувањето од обврските за приватност на корисниците првпат е овозможено во 2021 година, а неговото сегашно продолжување до 3 април 2026 година е со цел да се премости јазот до усвојувањето на новиот закон на ЕУ поврзан со онлајн сексуалната злоупотреба на деца, кој во моментов е тема на разгледување меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

  .


Извор: МИА