„Педро, не се откажувај!“: Повеќе од 12.000 луѓе го повикаа Санчез да не поднесува оставка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поддржувачите на шпанскиот премиер Педро Санчез, околу 12.500 од нив, организираа протест за поддршка каде што го повикаа да остане на чело на прогресивната коалициска влада со екстремно левичарската партија Сумар и да не поднесе оставка.

Во текот на викендот се одржаа демонстрации пред седиштето на Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ) во центарот на Мадрид, а толпата извикуваше слогани како „Педро, не се откажувај“ или „Педро останува“, пренесува Еуроактив. .

Меѓу собраните имаше и неколку министри, како министерката за финансии Марија Хесус Монтеро, која според аналитичарите би можела да го замени Санчез доколку поднесе оставка. Се очекува Санчез денеска да ја соопшти одлуката за оставка.

Минатата недела, шпанскиот премиер рече дека во понеделник ќе објави дали ќе поднесе оставка поради обвинувањата за корупција и влијание врз неговата сопруга Бегоња Гомез. Истрагата против Бегоња Гомез уследи по жалбата на антикорупциската група Манос Лимпијас (Чисти раце), која има врски со екстремната десница. Групата тврдеше дека Бегоња Гомез го искористила своето влијание како сопруга на премиерот за наводно да обезбеди спонзори за магистерски курс на универзитетот што го водеше.