Македонија
29. April 2024 - 13:09

Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија

Завчера во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на камп „Винојуг“ во Гевгелија била пронајдена експлозивна направа.

Вчера бил извршен увид на местото и било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна.

Гранатата била безбедно подигната од местото.