ВМРО-ДПМНЕ ќе го реконструира патот Берово – Струмица, Берово – Виница, Берово – Пехчево – Делчево 

„800 милиони евра директна помош за нашите земјоделци, за нашите сточари. 800 милиони евра за навремени и зголемени субвенции. 5.5 милиони евра директна помош за општина Берово“- изјави Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

-Покрај ова планираме инфраструктурно да го развиваме овој крај. Ќе го реставрираме патот Берово – Струмица, ќе направиме реконструкција на патот Берово – Виница со можност за проширување со трета лента. Исто така ќе реставрираме патот Берово – Пехчево – Делчево, потенцира во изјавата Ковачки.

Тој апелираше на 8 мај да се излезе и да се даде поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија.