Во скопската ЗОО се роди двогрба камила

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан.

„Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 03 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови“ – стои во објавата од Зоолошката градина на Фејсбук.