Приведен Жерар Депардје: Две жени го обвинија за сексуален напад

381

Седумдесет и петгодишниот француски актер Жерар Депардје е приведен под обвинение за сексуален напад. Како што пренесуваат медиумите, тој бил приведен на сослушување во полициска станица во Париз.

Две жени го обвинија за настаните што се случија во 2014 година на снимањето на „Le Magicien et les Siamoisa“ на Жан-Пјер Моки и во 2021 година на сетот на „Volets verts“ на Жан Бекер. Според обвинението актерот несоодветно ги допирал на сетот на филмовите, а Депардје ги негираше обвинувањата.