Breaking News

Споредба на изборни програми на политичките партии во доменот на мерки за борба против корупција


Во очи на изборната кампања за Парламентарните избори 2024 година, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, направи кратка анализа која на граѓаните им нуди можност на едно место да ги споредат антикорупциските мерки што политичките партии ги нудат во своите изборни програми. Предмет на анализата се изборните програми на парламентарните партии кои досега јавно ги објавиле своите планови на дејствување.


Корупцијата е сеприсутна закана за интегритетот и работата на институциите и политичкиот систем во целина. Како криминално дејствување, директно ја загрозува благосостојбата на граѓаните и нивниот пристап до јавните услуги, го поткопува функционирањето на владеењето на правото и создава култура на неказнивост. Од таа причина, за граѓаните е важно што политичките партии ветуваат и како ќе го адресираат овој проблем во своите изборни програми.


Парламентарните избори се важен момент за демократските процеси во државата, но и за остварување на уставно загарантираното право на граѓанинот да избира од кого ќе биде претставуван во следните четири години. Суштинска посветеност на партиите за креирање на добри и одговорни политики е неопходнa за подобрување на општеството и животот на граѓаните. Во овој период, понудените политики за справување со корупцијата, меѓу другото, се од голема важност за граѓаните и нивната одлука на денот на изборите. Системското адресирање на корупцијата директно влијае на ефективноста на сите други понудени мерки и програми.

За таа цел, во очи на изборната кампања за Парламентарните избори 2024 година, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, направи кратка анализа која на граѓаните им нуди можност на едно место да ги споредат антикорупциските мерки што политичките партии ги нудат во своите изборни програми. Предмет на анализата се изборните програми на парламентарните партии кои досега јавно ги објавиле своите планови на дејствување.


Целата публикација може да ја видите тука: Споредба на изборни програми на политичките партии во доменот на мерки за борба против корупција

Институт за демократија „Социетас Цивилис“


Извор: МИА