Фото: ЕПА

Од вкупно 16-те финалиња, седум се решени по продолженија, по две на пенали и со златен гол и едно со нов финален меч. Изненадувања, познати голови, многу продолженија, пенали..

До почетокот на ЕП 2024 во неколку продолженија ви пренесуваме приказни, факти, значајни моменти… од минатите изданија на европските првенства

Во вкупно 16 финалиња на фудбалските европски првенства (ЕП), седум се решени по продолженија, по две на пенали и со златен гол и едно со нов финален меч. Изненадувања, познати голови, многу продолженија и пенали – во финалињата на европските првенства секогаш е обезбедена драма, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). На неколку недели до почетокот на ЕП годинава во Германија, во неколку продолженија ви пренесуваме приказни, факти, значајни моменти… од минатите шампионати, овој пат за финалињата од 1960 до 1988 година.
Во Париз, Советскиот Сојуз на ЕП 1960 ја победи Југославија со 2-1 и стана првата репрезентација што го освои купот „Анри Делоне“. Милан Галиќ постигна гол за Југославија, а Слава Метревели, пред Виктор Понеделник да го постигне голот за победа. „Тој гол во 113. минута беше најважниот во целата моја кариера“, рече тој подоцна, пренесе УЕФА. Во 1964 година, во Мадрид, својот прв трофеј го освои Шпанија. Домаќинот поведе преку Чус Переда, СССР израмни со голот на Галимзјан Кусаинов, а потоа Шпанија постигна погодок преку Луис Суарез. „Навистина бевме добар тим. Го имавме Суарез да диригира со оркестарот, имавме одлични играчи како Амансио и Марселино, кој беше природен стрелец. Тоа беше фантастичен тим“, рече Переда.
Италија беше на само девет минути од пораз во финалето во 1968 година, но мечот заврши со реми 1-1, а 48 часа подоцна се одигра нов дуел во Рим, на кој доминираше на дуелот со Југославија. Една од петте измени во составот во однос на претходниот меч, Луиџи Рива, ја направи разликата, со голот во 12-та минута. Пјетро Анастаси потоа ја запечати победата со прекрасен волеј. Тоа беше, вели голманот Дино Ѕоф, „совршена претстава“. Во финалето на ЕП 1970 Герд Милер постигна два гола, а еден Херберт Вимер, за победа на дуелот со СССР. „Тимот работеше, тренерот работеше, беше одлично“, се сеќава Милер.
Како и во полуфиналето на ЕП 1976, против домаќинот Југославија, Западна Германија се врати од два гола негатива за продолженија во Белград. Дитер Милер и Бернд Хелценбајн, во последните секунди, израмнија по головите на Јан Швехлик и Карол Добијаш во првото полувреме. Првпат финале на голем меѓународен турнир се решава на пенали. Првите седум удари ја најдоа мрежата, потоа Ули Хенес биеше над пречката, а Антонин Паненка го примени грациозниот удар, постигнувајќи бесмртност со тоа што чекаше Сеп Маер да се нурне настрана пред да ја испрати топката во средината на голот.

Хорст Хрубеш, доцната замена пред турнирот, ги постигна своите први голови во меѓународниот фудбал за да ѝ обезбеди на Германија втора европска круна, на ЕП 1980. Пеналот на Рене Вандерејкен во 75. минута го израмни резултатот во Рим, но Хрубеш погоди уште еднаш за победа со 2-1. „Играв три меча без гол и ако Јуп Дервал не ме избереше, немаше да можам да се расправам. Гледајќи назад, тој го направи вистинскиот избор“, рече Хрубеш. На ЕП 1984 Шпанија почна силно во Париз, но Мишел Платини ги одушевуваше и континентот и ривалите на целиот турнир, и во моментот кога го забележа голот број девет на ЕП (ниту една друга репрезентација не постигна толку многу тоа лето, а не па некој играч) имаше малку сомнеж за исходот. Слободниот удар на Платини не беше еден од неговите најдобри, му се лизна топката низ рацете на Луис Арконада, но голманот не можеше да стори ништо кога Бруно Белоне погоди за 2-0. „Бевме супериорни“, се сеќава Платини.
Марко ван Бастен беше инспиративен во финалето на ЕП 1988 во Минхен, постигнувајќи гол што се мери со тој од пенал на Паненка, како најнезаборавен гол на натпреварувањето, пишува УЕФА. Голот со глава на Руд Гулит беше дополнет со зачудувачки волеј од остар агол на дуелот со СССР. За ЕП четири години подоцна, Ричард Мелер Нилсен планирал да постави нова кујна кога, две недели пред почетокот на ЕП, добил повик да ја подготви Данска за ЕП 1992. Една победа во четири натпревари беше доволна за да ги однесе во финалето и да заврши како бајка во Гетеборг. Еден од ретките голови на Џон Јенсен ги доведе во предност и Ким Вилфорт приреди едно од најголемите изненадувања во репрезентативниот фудбал, во финалето со Германија. Н.М.

Идната недела: Нови продолженија, но и златни голови, пенали…