НБА: Марк Дејно прогласен за тренер на годината

Тренерот на Оклахома Сити Тандер, Марк Дејно е прогласен за тренер на годината во НБА во изборот на спортските новинаир, објави во неделата Северноамериканската професионална кошаркарска лига.

Тренерот на Орландо Меџик, Џамал ​​Мозли го освои второто место, а тренерот на Минесота Тимбервулфс, Крис Финч е на третата позиција.

На 39-годишна возраст, Дејно е во својата четврта сезона на чело на Тандер, кои ги предводеше до врвот на Западната конференција со клупски рекорд од 57-25 во регуларниот дел од сезоната.

Така, популарните „ОКЦ“ се квалификуваше за својот прв плејоф од 2020 година и се на само уште еден натпревар до конференциското полуфинале бидејќи води со 3-0 во првото коло против Њу Орлеанс Пеликанс.

Дејно ја започна својата кариера како асистент на универзитетски тренер во Холи Крос, потоа на Универзитетот во Флорида пред да се приклучи на тимот во развијната Џи-лига на Оклахома Сити како главен тренер, а потоа како помошник тренер на првиот тим за Тандер за сезоната 2019/2020. за во 2020 година да го наследи Били Донован на клупата, кој замина во Чикаго Булс.