Прва претседателска дебата пред вториот круг – Стево Пендаровски против Гордана Силјановска Давкова

by Fokus

ТВ21 ја организира првата претседателска телевизиска дебата пред одржувањето на вториот круг од претседателските избори во земјава.

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова утре, вторник 30 април, ќе бидат гости во ТВ21, а дебатата започнува во 21 часот и 15 минути.

Како што информираат од телевизијата, секој кандидат на почетокот од дебатата ќе може да ја презентира својата програма во времетраење од 4 минути, а потоа следуваат прашања од различни области.

Секој има право на одговор во времетраење од 90 секунди и право на реплика од 30 секунди.

Поврзани новости