Најмалку 13 загинати во израелски воздушни напади во јужниот дел на Газа

Најмалку 13 луѓе се убиени а многу се ранети во израелски воздушни напади врз три куќи во градот Рафах во јужниот дел на Газа, соопштија во понеделникот локалните медицински служби, пренесе Reuters.

Медиумите на палестинското милитантно движење Хамас проценуваат дека во израелските напади загинале 15 лица.

Нападите врз Рафах, каде што повеќе од милион ипол луѓе се засолнија од неколкумесечното израелско бомбардирање, се случија неколку часа пред Египет да биде домаќин на лидерите на исламистичката група Хамас кои ќе разговараат за изгледите за договор за прекин на огнот со Израел.

Во неделата претставници на Хамас изјавија дека делегацијата предводена од Калил ал-Хаја, заменик мма шефот на групата Газа, ќе разговара за предлогот за прекин на огнот поднесен од Хамас до посредниците од Катар и Египет, како и за одговорот на Израел. Посредниците, поддржани од Соединетите aмерикански dржави, ги засилија напорите за постигнување договор додека Израел се закани дека ќе го нападне Рафах, според Reuters.