Златниот часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти

Златниот џебен часовник пронајден покрај телото на најбогатиот патник на потонатиот пароброд „Титаник“ е продаден на американски колекционер за рекордни 1,2 милиони фунти, иако пред наддавањето се проценуваше дека ќе достигнецена од околу 170.000 фунти.

Часовникот беше продаден на приватен колекционер во САД на надавање на аукциската куќа Henry Aldridge & Son укција во Девизес, во англиската грофовија Вилтшир, за највисока цена досега за предмет од потонувањето на „Титаник“.

Бизнисменот Џон Џејкоб Астор Четврти, тогаш на 47 години, потонал на бродот во 1912 година откако ја однел својата нова сопруга Медлин на чамец за спасување. Наместо да се обиде да се спаси во друг чамец, беспрекорно облечениот Џон Џејкоб, кој бил истакнат член на богатото семејство Астор, последен пат е виден како пуши цигара и разговара со сопатник. Неговото тело било извлечено од Атлантскиот океан седум дена подоцна и беше пронајден неговиот скап џебен часовник „Waltham“ од 14-каратно злато, со врежани иницијали JJA.

Аукционерот Ендрју Олдриџ пред наддавањето рече дека Астор бил познат како најбогатиот патник на „Титаник“ и се сметало дека е меѓу најбогатите луѓе во светот во тоа време, со нето вредност од приближно 87 милиони американски долари – што е еквивалент на неколку милијарди долари денес.

Рекордна цена претходно ја држеше виолина од познатиот брод, која достигна 1,1 милион фунти. Истата аукциска куќа ја продаде на наддавањето во 2023 година.

„Цените постигнати за предметите од Титаник се апсолутно неверојатни“, рече Олдриџ.

Британскиот параброд „Титанк“, кој се смета за најголемиот патнички брод на светот“, на 14-ти април 1912 година се судрил со санта мраз на неговото прво патување од англиското пристаниште Саитемптон кон Њујорк. Гордоста на британското морепловство тонело два часа и 40 минута, и притоа загинале околу 1.500 лица.

Остатоците на „Титаник“ беа откриени во септември 1985 година, на околу 350 наутички милија од брегот на канадскиот остров Њуфаунланд на длабочина од околу четири километри. Компанијата „RMS Titanic Inc“ во 1994 година е признаена како субјект кој ги откри остатоците од потонатиот „Титаник“, и поседува ексклузивно право за подигање предмети од местото на бродоломот.