Сончево и топло, температурата до 28 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност.

Од среда следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи, особено во попладневните часови.

Поголема нестабилност се очекува во четврток, кога врнежите наместа ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Поврзани новости