Русин убил двајца украински војници во Германија

1370

Министерството за надворешни работи на Украина ја потврди информацијата дека двајцата загинати Украинци во Германија се војници кои се опоравуваат од повредите во Баварија.

Станува збор за двојно убиство, извршено во саботата во градот Мурнау ам Стафелце, каде во локалниот трговски центар со смртоносни убоди биле пронајдени двајца државјани на Украина, мажи родени 1987 и 2001 година.

Во саботата околу 17:20 часот во Мурнау тешко се повредени двајца мажи. До доаѓањето на лекарот, едниот човек веќе умрел. Вториот, кој исто така бил тешко повреден, набргу потоа во болница починал. Германските медиуми јавуваат дека по кратка дискусија, според сведочењето на присутните, постариот Мупкарац бранејќи се извадил остар предмет и ги ранил конфликтните страни.

Во рамки на веднаш започнатата потрага, истата вечер на домашна адреса недалеку од местото на злосторството е пронајден и приведен 57-годишен осомничен. Осомничениот е очигледно Русин.

Областа околу Центарот Тенгелман, кој се уште бил отворен во моментот на злосторството, бил опколен. Трговскиот центар се наоѓа во центарот на градот југозападно од Минхен на езерото Стафелце. Полицијата и противпожарната бригада беа силно распоредени и го пренасочија сообраќајот.

Според информации на БИЛД, се наведува дека тројцата се познавале. Мотивот за бруталниот чин се уште не е разјаснет. Двајцата Украинци живееле во областа Гармиш-Партенкирхен. Според портпаролот на полицијата, полицијата истражува двојно убиство.

Според прелиминарните податоци, загинатите биле војници кои биле на медицинска рехабилитација во Германија.

Украинските конзули ги појаснуваат информациите за единиците во кои служел починатиот и воспоставуваат контакт со нивните роднини.

Дипломатите ја потврдија и информацијата дека се испоставило дека приведениот под сомнение дека го извршил ова убиство е Русин. Денеска е изречена превентивна мерка притвор за 57-годишниот Русин кој е приведен по ова кривично дело.

Прес-службата на Министерството за надворешни работи на Украина објаснува дека министерот Дмитро Кулеба наредил случајот да се држи под посебна контрола и „да биде во постојан контакт со органите на редот на Сојузна Република Германија, за убиецот да биде казнет според најстрогиот закон“. Тој изрази благодарност и до германските полицајци за брзото апсење на осомничениот.