Администрацијата на претседателот на САД Џозеф Бајден по втор пат во последните месеци го одложи планот за забрана на цигари со вкус на ментол.
Највисокиот здравствен функционер на Бајден не даде рок за донесување на тој пропис, изјавувајќи само дека на администрацијата ќе биде потребно повеќе време да ги загледа повратните информации.
Официјалните лица од Управата за храна и лекови работеа на забрана на ментолот во повеќе администрации, но никогаш не ја довршија изработката на прописите.
Противниците на пушењето ја тераат ФДА да ја елиминира таа армома откако агенцијата во 2009 година доби овластување да регулира одредени состојки во тутунот.
Ментолот е единствената арома на цигари која не е забранета по тој закон, за што преговараа сојузниците на тутунската индустрија во Конгресот.