Силјановска: Ако сега е резултатот 2:1, зошто на 8-ми да не биде барем 3:1, ние сме скромни луѓе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кандидатката за претседателка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денеска на митинг во Демир Хисар истакна дека тие не сакале да велат дека уште во првиот круг ќе однесат фантастична победа иако го чувствувале тоа.

„Ако сега е резултатот 2:1, зошто на 8-ми да не биде барем 3:1, ние сме скромни луѓе. Ние не сакавме да велиме дека уште во првиот круг ќе однесевме фантастична победа иако тоа го чувствувавме, ама ги чувствувавме вашите чувства, мисли. Знаевме дека не бодрите“, порача Силјановска Давкова.