Костадиновска-Стојчевска: Денес имаме минимална плата од 22.500 денари, за 300 % зголемена социјална помош и 84 нови градинки

by Fokus

„На 24 Април покажавте дека сте доследни наследници и на илинденците и на партизаните. Вие кои гласавте за иднината и сеуште парвите разлика меѓу доброто и лошото и меѓу реалното и лажното. Ви благодарам,“ рече Бисера Костадиновска-Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и носителка на листа во ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на граѓанскиот митинг во Крушево.

Таа се осврна на изјавите од страна на ДПМНЕ дека на 24 Април било земјотрес, а на 8 Мај ќе било вулкан. И порача дека после земјотрес и вулкан она што следува е пепел, како и дека се тие што прават е пепел.

„Дали нашата најголема грешка е тоа секогаш ги исправаме последиците од оние кои глумат патриоти? Дали е грешка што денес имаме минимална плата од 22.500 денари? Дали е грешка што за 300 % ја зголемивме социјалната помош? Што од 2017 година до денес имаме изградено 84 градинки? Што го направивме одржлив пензискиот фонд? Што просечната пензија ја зголемивме за 55% и денес и денес изнесува 21.400 денари? Што платите во култура во последните 4 години ги зголемивме за 52%?“,потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа посочи дека ако ова е грешка, тогаш што биле 10-те години на ДПМНЕ кога се опустошиле

Поврзани новости