ВМРО-ДПМНЕ и Вреди согласни за заедничка влада по изборите

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Од албанската опозиција Вреди се подготвени на седнат на маса со ВМРО-ДПМНЕ и да преговараат за влез во влада по изборите. Ги обвинуваат ДУИ дека лажат дека постои договор Ахмети – Таравари за црвените линии за албанскиот блок. Според Изет Меџити, ДУИ на секој можен начин се обидуваат да се оттргнат од СДСМ и да се приближи кон ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски денеска истакна дека идната влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во нејзе ќе биде коалицијата која на овие избори настапи под името „Влен“. Во „Топ тема“ на Телма, Крешник Бектеши тврдеше дека постои документ на кој лидерите на албанскиот блок партии веќе ставиле потпис за внесување на Бугарите во Уставот, промена на формулацијата – јазикот кој го говорат 20 отсто од населението и избор на претседател на државата во Собрание. Мицковски денеска вели тоа се барања на ДУИ.

И викендов минува во меѓупартиски обвинувања, откако лидерот на ДУИ Ахмети му порача на Мицкоски дека тој не одлучува со кој ќе прави влада, туку одлучуваат мнозинството гласови на граѓаните на избори. Лидерот на СДСМ, пак, Ковачевски го демантираше Мицкоски дека спремале бојкот со ДУИ и ги повика граѓаните масовно да излезат да гласаат.

Покрај за Вреди, се остава отворена вратата и за ЗНАМ на Максим Димитриевски за парламентарното мнозинство да биде уште побројно. Се очекува поддршката за ВМР0-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ на парламентарните избори да биде зголемена.