Апасиев од Штип: На парламентарните избори очекуваме од 8 до 12 пратеници, да го спуштиме ВМРО-ДПМНЕ под 50, а СДСМ под 20

136

Целта на Левица на овие избори да го „кутне“ ВМРО ДПМНЕ под 50 пратеници, а СДСМ под 20 и конечно да ја пасивизираме СДСМ, изјави вечерва пред собирот со граѓани во Штип, претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Тој посочи дека целта им е и да освојат од осум до дванаесет пратеници, а какошто рече тоа се прогнозите и реалните очекувања на Левица.

Целта на Левица на овие избори да го „кутне“ ВМРО-ДПМНЕ под 50 пратеници, а СДСМ под 20 и конечно да ја пасивизираме СДСМ, изјави вечерва во Штип, претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Тој посочи дека целта им е и да освојат од осум до дванаесет пратеници, а како што рече, тоа се прогнозите и реалните очекувања на Левица.

„Она што го направивме на претседателските избори е очекуван резултат, како за првпат учествуваме и поддржавме независен кандидат, кој ни беше идеолошки близок. Но, на парламентарните почнуваме од нула и очекуваме солиден резултат, со којшто ќе овозможиме моќта на уценување конечно од албанските необалистички партии, да премине конечно во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот, наспроти сите антимакедонски сили, коишто сакаат да внесуваат и Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни Парламенти и да менуваат Устав, со којшто ќе се брише 20 проценти и ќе влегува друг официјален јазик“, рече Апасиев.