Заминале за Мајорка, слетале во Менорка: Патнички пристигнале на погрешен остров поради грешка на авиокомпанијата 

1441

Две постари Британки упатија остри критики кон авиокомпанијата Jet2, бидејќи поради пропуст на превозникот, наместо на Мајорка, каде што сакале да патуваат, по грешка пристигнале на островот Менорка.

Грешката се случила и покрај тоа што билетите им биле проверувани неколку пати за време на качувањето, пренесува британскиот таблоид Мирор.

Линда Трестрејл (69) и Венди Расел (71) ја забележале грешката дури кога пилотот најавил слетување во Менорка.

Британската нискобуџетна компанија Jet2 се извини за пропустот, наведувајќи дека во прашање е „човечка грешка“ и проблемот со итните служби на аеродромот во Бристол.

Сепак, двете жени се огорчени за низата пропусти со кои се соочиле и тврдат дека не добиле никаков надомест.

„Слушате за торби кои одат на погрешни летови, но не и за луѓе. Причината зошто ја резервиравме Мајорка е краткиот лет, знаевме дека мобилноста не ни е добра, па не сакавме долго патување“, вели Линда.