ЕУ воведува новини од 2030: Храната во маркетите ќе изгледа поинаку

188

До 2030 година, Европскиот парламент сака да воведе само обновливи пакувања со цел да се намали количината на отпад во Европа за најмалку 15 отсто до 2040 година, пишува Дојче веле.

ЕУ најпрво сака да промени некои ситници кои предизвикуваат да се акумулираат неколку тони отпад секоја година. На пример, сите мини-пакети шеќер, зачини или кечап што ги добиваме во хотелите и кафулињата од 2030 година повеќе нема да бидат дозволени доколку не се направени од чиста хартија.

Сепак, ЕУ планира да воведе промени во продавниците – овошјето и зеленчукот со тежина помала од 1,5 килограми повеќе нема да смеат да се пакуваат во пластична амбалажа, а пластичните кеси за овошје и зеленчук ќе станат минато.

Француските производители на сирење не се воодушевени од оваа вест бидејќи оваа одлука би можела да значи дека популарните сирења Бри и Камембер мора да ја сменат дрвената амбалажа, што на овие сирења им дава воздух и свежина. Но, токму поради нив ЕУ стави неколку исклучоци на списокот, а тие вклучуваат и амбалажа од дрво и восок.