Фото: Официјален инстаграм профил на Волдимир Зеленски

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски изјави дека ситуацијата на теренот се влошила и дека неговите војници заземаат нови позиции на најмалку три линии на фронтот.

Тој изјави дека руските сили активно напаѓаат по целата линија на фронтот, а украинските единици се префрлиле на нови линии западно од Бердичи, Семеновка и Новомихајловка – пренесе „Ројтерс“.

Тој изајви дека руската страна со четири бригади се обидува да развие офанзива западно од Авдејевка и Маринка, пробивајќи се до Покровск и Курахово.

Сирски наведува дека има „динамична промена во ситуацијата“ и дека поединечните позиции се менуваат „од рака на рака“ неколку пати во текот на денот, што доведува до „двосмислено разбирање на ситуацијата“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија ја презела контролата врз селото Новобахмутовка во самопрогласената Народна Република Доњецк, кое беше клучна точка во борбите во последните денови.