Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафа – САД се единствени кои можат да го спречат нападот

61
EPA-EFE/ATEF SAFADI

Претседателот на палестинската управа (ПА) Махмуд Абас денеска предупреди дека израелската армија во следните неколку дена ќе започне копнена офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Рафа моментално е дом на околу 1,45 милиони луѓе, од кои повеќето претходно беа раселени од другите делови на енклавата, додека загриженоста за хуманитарната ситуација во Газа расте.

Абас истакна дека САД се единствената земја која може да спречи израелски напад врз Рафа, пренесува Ројтерс.