(Видео) Мицкоски: Идната Влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во неа ќе биде и коалицијата „Влен“

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека народот се изјаснил за кого е, рече дека идната влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во нејзе ќе биде коалицијата која на овие избори настапи под името „Влен“.

„Ако го анализирате изборниот резултат, ќе дојдете до следниот заклучок, дека владините кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи освоија вкупно 300,000 гласа. Ако го гледате резултатот кој го одлучија граѓаните а тоа е резултатот на Гордана Сиљановска Давкова идниот претседател и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари тоа е близу 450,000 гласа што значи за еден и пол пати повеќе“, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој даде и свој коментар на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека народот одлучува кој ќе ја води идната влада.

„Жалам што Али Ахмети во јавноста сака да се претстави како идеолог а во позадина ми праќа емисари, и безусловно сака да влезе во идна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија. Жалам што Али Ахмети се опкружи со луѓе кои и него го злоупотребуваат, за да прават условно кажано криминал и да ја ограбуваат Македонија. И жалам што Али Ахмети опкружувајќи се со овие луѓе, наместо да заврши како политички пензионер и да биде идеолог, тој ќе заврши како соучесник во криминалот на неговите блиски соработници, за кои имаме голем број докази и јавноста набрзо ќе ги дознае, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Поврзани новости