Нов тарифник за враќање на старите цени на полисата за авто осигурување

Се чека утре да биде донесена одлука  

3221

Владини извори велат дека утре ќе се знае дали ќе се донесе нов тарифник со кој директно би можело да се вратат старите цени на регистрациите за возилата.Тоа треба да биде стоп за одлуката на осигурителните компании, кои што најавија дека за околу 15 отсто ја зголемуваат цената на задолжителната осигурителна полиса.

Оваа тема ќе биде дел од владината седница, бидејќи Владата има надлежност во носењето на цените на осигурувањето кај цената на зелениот картон, во методологијата, но и во утврдување на максималните граници на режиските трошоци на осигурителните компании.

Најавено е за утре и одржување на состанок на Националното биро, Асоцијацијата на супервизија на осигурениците и министерството за финансии. Се чека реакција и од Комисијата за заштита на конкуренцијата, да процени дали има фер однос од страна на осигурителните компании со оваа одлука.

Реакции за оваа нивна одлука имаат и од Министерството за финансии но и од Асоцијацијата на супервизија на осигурениците од каде тврдат дека покачувањето на цената за задолжителната полица за осигурување е неосновано.Според нив ако остане новата цена тоа ќе предизвика зголемување на трошоците за регистрација на возилата.

Досега за возило од 44 до 55 киловати се плаќаше 5.453 денари, а  со зголемувањето новата цена ќе биде 6.292 денара. Поскапувањето е пропорционално во зависност од зафатнината на моторот кој е вграден во возилото.