Мицкоски: Народот кажа, идната коалиција ќе ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“

206

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска порача дека народот на 24 април го кажа своето, а тоа е идната владеачка коалиција да ја предводат неговата партија и коалицијата „ВРЕДИ“.

-Ако го анализирате изборниот резултат, ќе дојдете до заклучок дека владините кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи освоија вкупно 300 илјади гласови. Ако го гледате резултатот кои што го одлучија граѓаните, а тоа е резултатот на Гордана Силјановска-Давкова – идниот претседател и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, тоа е приближно 450 илјади гласови, што значи за 1,5 пати повеќе, рече Мицкоски од општина Аеродром.

„Одлучија граѓаните, јас жалам што Али Ахмети во јавноста сака да се претстави како идеолог и многу силен, а во позадина ни праќа емисари и би рекол безусловно сака да влезе во идна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со „Твоја Македонија“ коалицијата, жалам што Али Ахмети се опкружи со луѓе кои и него го злоупотребуваат, за да прават условно кажано криминал и да ја ограбуваат Македонија и жалам што Али Ахмети опкружувајќи се со овие луѓе наместо да заврши како политички пензионер и да биде идеолог тој ќе заврши како соучесник во криминалот на неговите блиски соработници кои набргу од денеска, македонската јавност, сите граѓани во Македонија без разлика на етничката припадност ќе бидат сведоци, а за што имаме голем број докази“, вели Мицкоски.