На 8 јуни, на стадионот на АРМ и С.А.Р.С.; Скопје ќе се лади со три концерти во една вечер

270

На 8 јуни, од 20:30 часот, на стадионот на АРМ во Скопје ќе се одржи музичката ноќ на фестивалот „Скопје се лади“, на која ќе настапат македонски и српски изведувачи.

– Скопје добива нова форма на музичко изразување и ноќ посветена на љубителите на добрата музика, со три концерти што истовремено ја оживуваат енергијата со драменбејс, рап, реге и балкански звук – истакнуваат организаторите.

За загревање на атмосферата, ќе се погрижат момците од бендот „Брас брадерс“, кои ќе ја вжештат атмосферата со своите брас инструменти и со своите хитови, кои одлично поминаа кај македонската публика.

Миленикот на повеќе генерации, раперот Тајзи, по неколкуте феноменални концерти во Македонија, ќе настапи со своите најголеми хитови, на кои сите пеат и танцуваат.

А, како круна на оваа вечер, со 90-минутен концерт ќе настапат српските изведувачи од С.А.Р.С., со добро познатите хитови, кои рушат рекорди на „Јутјуб“, песните: „Буџав лебац“, „Лутка“, „Ракија“, „Перспектива“ и многу други.