ММФ оцени дека Народна банка е добар пример за транспарентност

Ангеловска-Бежоска:

24

На покана од Регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска одржа предавање на форумот за примена на Кодексот за транспарентност на ММФ, на кој ги сподели позитивните искуства на Народна банка во примената на најновите и највисоки меѓународни стандарди и на најдобрите практики за транспарентност и отчетност на централните банки.

 

На форумот, Народна банка беше посочена како пример за земјите од регионот, која меѓу првите учествуваше во пилот-проектот за оцена на транспарентноста во однос на новиот Кодекс за транспарентност на ММФ. Во својот извештај за оцената на транспарентноста, заклучува дека Народна банка применува високо ниво на транспарентност, кое е значително зајакнато во изминативе неколку кризни години, овозможувајќи успешно одржување на макроекономската стабилност.

Гувернерката истакна дека транспарентноста и отчетноста на централните банки се нагласени по глобалната финансиска криза, а особено во последниве неколку години, кога се соочивме со неколку последователни кризи. Во такви околности на зголемена економска неизвесност и финансиски стрес, се истакнува потребата централните банки појасно и позачестено да бидат присутни во јавноста со појаснување на економските движења, како и со комуницирање за причините и претпоставките за донесените монетарни одлуки. Народна банка го следи овој тренд, при што уште од 2021 година транспарентноста и отчетот кон јавноста се издвоени како една од целите во Стратегискиот план на Народна банка, за што тимот на централната банка напорно работи, градејќи модерна, општествено одговорна и транспарентна институција. Постојаното подобрување на транспарентноста ги зголеми довербата и кредибилитетот на институцијата кај јавноста, што беше заклучено и во извештајот на ММФ.

– Имајќи ги предвид согледувањата на ММФ, Народна банка во изминатиов период ја зголеми достапноста на податоците за спроведувањето на основните активности, а дополнително ја збогативме и нашата комуникација со јавноста, при што бројот на соопштенијата, преку кои на поедноставен јазик се доставуваат пораките од Народна банка, се зголеми за 25 %, а јавните настапи на раководниот тим се зголемија за 40 %. Народна банка придонесува и кон подигнувањето на нивото на финансиската писменост преку постојано одржување обуки и други активности, зајакнувајќи ја двонасочната комуникација со граѓаните и институциите – порача гувернерката во своето обраќање.

Притоа, таа нагласи дека довербата од јавноста била клучна за одржувањето стабилни инфлациски очекувања, стабилен курс на денарот и за задржување на макроекономската стабилност во изминатиов период.

Ова е потврдено и со анкетата спроведена од Светската банка, според којаанка е институција што ужива најголема доверба во рамките на домашните институции.