(Видео) Делегација на Левица им оддаде почит на загинатите борци кај Вејце

by Fokus

Делегација на Левица денеска во тетовско Вејце им оддаде почит на осумте припадници на Армијата и полицијата кои беа убиени на 28 април 2001 година на тоа место. Делегација ја предводеше потпретседателот Реџеп Исмаил, како и носителот на кандидатската листа во шеста изборна единица Игор Димески.

-Денес се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, каде осум наши бранители го загубија својот живот, бранејќи ја Република Македонија. Исто така има и повредени од овој немил настан. Левица е тука да им оддаде почит на тие жртви, и на повредените, изјави Игор Димески.

Поврзани новости