Засадени 180 дрвја на булевар „8 Септември“

80

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“  и АД Стопанска банка Скопје во заедничка еко акција засадија 180 дрвја на булеварот „8 Септември“, во општината Карпош.

Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности на зазеленување со дрвја и садници на целата територија на градот, со цел уредување нови зелени површини, како еден од приоритетите од програмата за Модерно Скопје.

-Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувувањето на здравјето на луѓето.  Општествено одговорните компании со еко заложби и континуирана поддршка учествуваат во зазеленувањето на јавните површини во Скопје, со цел заштита и унапредување на животната средина – соопштија градските власти.

Во текот на изминатиот период, градоначалничката Арсовска заедно со ученици од скопските средни училишта засадија над 1.000 дрвја и садници во парк шумата „Гази Баба“ и Водно, а се реализираше и голема акција за садење и уредување на зелените коридори по скопските булевари.