Четворица тинејџери повредени, со автомобил излетале од улица во Македонска Каменица

Во Полициско одделение Македонска Каменицавчера околу 21:30 часот било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Церска“ со ул.„Тапеѓовска“ во Македонска Каменица, патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) од Крива Паланка, излетало од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Македонска Каменица и Д.Ц.(18) од Крива Паланка, а со телесни повреди се здобиле уште еден малолетен сопатник и М.Д.(19), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.