ЛА Лејкерс конечно го победија Денвер

Кошаркарите на ЛА Лејкерс после 11 порази во низа, конечно успеаја да го победат актуелниот НБА шампион, Денвер Нагетс и да се спасат од метла во конференциското четвртфинале на Западот.

„Езерџиите“ победија со 119-108, иако Никола Јокиќ дојде до нов фантастичен трипл-дабл од 33 поени и по 14 скока и асистенции.

Леброн Џејмс со 30 поени беше предводникот на ЛА Лејкерс, а одличен беше и Дејвис со 25 поени. Денвер сега има предност од 3-1 и потребна им е само уште една победа за да го елиминираат ЛА Лејкерс, а шанса за тоа ќе имаат на петтиот натпревар на кој ќе бидат домаќини.

Кошаркарите на Бостон го вратија брејкот и повторно имаат водство во серија против Мајами, откако победија со 84-104, додека Оклахома сега има високи 3-0 против Њу Орлеанс, по убедливата победа на гостински терен од 85-106.