Линкови за пристапност

Кинески онлајн-трговци завлегуваат на американскиот интернет-пазар


Кинески онлајн-трговци нудат производи со екстремно ниски цени и го привлекуваат вниманието на американските купувачи/Илустрација
Кинески онлајн-трговци нудат производи со екстремно ниски цени и го привлекуваат вниманието на американските купувачи/Илустрација

Онлајн пазарите Тему и Шеин, управувани од Кина, ја тресат е-трговијата со нивните екстремно ниски цени. Но, фирмите се соочуваат со загриженост од потрошувачите и Конгресот. Еви Стил ја има сторијата од Вашингтон. 

Жанел Ариас нашла слободно место во подрумот за нејзините козметики за убавина.
„Го користев Тему – и сè уште го користам Тему“, вели Ариас.

Со седиште во Бостон, кинеската компанија Тему е еден од најновите трендови во е-трговијата.

„Четка за шминка за подлога што би ја купиле за 50 долари во Сефора или на некое друго место за козметика, неодамна ја купив за 5 долари и е многу подобра од таа што ја имав”, вели Ариас.

Е-трговијата во САД со сè повеќе кинески играчи
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:48 0:00

Ариас вели дека Тему има начин да ги натера луѓето повторно да купуваат.

„Предизвикува зависност по начинот на кој има гејмифицирана апликација каде што ги добивате овие зделки, ако нарачате нешто, во следните неколку минути добивате дополнителни бонуси”, објаснува Ариас.

Друга компанија за е-трговија со ниски цени основана во Кина е Шеин, сега со седиште во Сингапур.

Клучот за цените е уникатниот бизнис модел на компаниите, вели професорот Кристофер Танг од Универзитетот Калифорнија-Лос Анџелес.

„И покрај што продаваат онлајн, не се рекламираат толку многу. Тие ангажираат инфлуенсери. Го употребуваат она што ние го нарекуваме социјална трговија. Ги користат Инстаграм, Тикток и Фејсбук за да ги промовираат производите”, вели професорот Танг.

FILE - A page from the Shein website is shown in this photo, in New York, June 23, 2023.
FILE - A page from the Shein website is shown in this photo, in New York, June 23, 2023.

Танг додава дека Шеин, на пример, нуди брза мода и тесно соработува со фабриките во Кина. Произведува мали серии, но складира суровини. Користејќи вештачка интелигенција за следење на однесувањето на клиентите, Шеин напредува брзо за да одговори на побарувачката.

„Кој производ го прелистуваат? Кој производ го купуваат? Потоа се обидуваат да ги следат трендовите. Ако трендот на сезоната навистина бележи нагорна линија, тогаш тие веднаш ќе побараат од фабриката масовно да ги произведува тие производи“, смета Танг.

Друга причина зошто цените се ниски е даночната дупка во САД што им овозможува на компаниите да испраќаат производи вредни помалку од 800 долари во земјата без да плаќаат увозни давачки.

Некои законодавци се загрижени дека производите што се продаваат на овие локации може да бидат поврзани со присилна работа на Ујгурите.

Портпаролот на Шеин вели дека компанијата има политика на нулта толеранција за принудна работа и се обврзува на почитување на правата на своите работници низ синџирот на снабдување.

Тему не одговори на барањето на Гласот на Америка за коментар.

Но, студентот Захаан Ријаз вели дека нема да купува од вакви компании за е-трговија.

„Брзата мода предизвикува многу проблеми во однос на правата на работниците, особено во странските земји, а исто така создава многу отпад”, вели Ријаз.

Аријас вели дека непобедливите цени имаат своја цена.

„Јас всушност имав нарачка во која с изгубив. Едноставно сте спремни да ја искористите таа шанса поради цената што ја плаќате бидејќи е многу ниска”, додава Аријас.

Поплаките на клиентите на веб-страницата на Бирото за подобро деловно работење вклучуваат проблеми со квалитетот на производот како и испораката или услугите на клиентите за двете компании.

Но, компаниите како Тему и Шеин ќе продолжат да бидат успешни, вели Танг.

„Американските потрошувачи сакаат добри зделки, така што овие видови добри зделки тешко се надминуваат”, смета професорот Танг.

Ариас вели дека е селективна во она што го купува, држејќи се настрана од брзата мода поради отпадот. Но, таа ќе продолжи да купува зделки овде за производи што може да ги користи со текот на времето.

XS
SM
MD
LG