САД го осуди законот со кој се криминализираат истополовите врски во Ирак: Тоа е закана за човековите права и слободи

by Fokus

Американскиот Стејт департмент објави дека законот усвоен од ирачкиот парламент со кој се криминализираат истополовите врски е закана за човековите права и слободи и ќе ја ослабне способноста на Ирак да ја диверзифицира својата економија и да привлече странски инвестиции.

„Овој амандман им се заканува на оние кои се најзагрозени во ирачкото општество. Може да се искористи за да се попречи во слободата на говорот и изразувањето и да се спречи работата на невладините организации низ Ирак“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Ирачкиот парламент во саботата усвои закон за криминализирање на истополовите врски со максимална затворска казна од 15 години, посочувајќи дека тој има за цел да ги поддржува верските вредности. Застапниците за правата го осудија законот како последен напад врз ирачката ЛГБТ заедница.

Поврзани новости