Мртовечницата во Куба ги сменила телата: Русин испратен во Монтреал, Канаѓанец погребан во Русија ќе биде вратен дома

71
Фото: pexels.com

Семејството Жаржур повеќе од еден месец чека да го погреба 68-годишниот Фараж, кој починал на од срцев удар на плаќа во Куба. Телото на Канаѓанецот, кое требало да пристигне во Канада пред неколку недели, по грешка било испратено во Русија, а телото на 22-годишен Русин пристигнало во Канада.

Уште полошо е што починатиот Фараж Жаржур бил погребан во Русија. По повеќе од еден месец телото ќе биде ексхумирано и посмртните останки на Фараж ќе бидат испратени во Монтреал, Канада, потврди семејството на починатиот, пишува РТС.

Од канадскиот конзулат во Куба го советувале семејството веднаш да се врати во Канада, да контактира со властите и да плати 10.000 канадски долари за транспорт на телото. Семејството на починатиот потоа и платило на кубанската влада да го предаде телото на Фараз Жаржур во Канада.

Погрешното тело било предадено на семејството Жаржур во Канада, неколку недели по смртта на Фараж. Погребната служба ангажирана од семејството Жаржур го подготвила телото за погреб, но открила дека човекот во ковчегот не личи на личноста на фотографијата што ја обезбедило семејството.

Телото на дваесет и двегодишниот истетовиран руски државјанин, пак, кој бил идентификуван од конзуларната служба на Русија во Канада, пристигнало во Канада.

Семејството чекало неколку недели без никакви информации од канадските власти каде се наоѓа телото на Фараж.

Децата на Фараж, Миријам и Карам, исто така се обратиле до медиумите во текот на изминатата недела, надевајќи се дека ќе добијат одговори каде би можел да биде нивниот татко и кога конечно ќе можат да го закопаат.

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез во средата објави извинување на социјалните мрежи за ситуацијата и рече дека кубанските власти „го истражуваат инцидентот за да го разјаснат случајот“.

Тогаш не било јасно дали руското семејство кое го примило телото на Фараж знаело што се случило. Но, Миријам и Карам Жаржур велат дека канадските владини претставници потврдиле дека нивниот татко бил погребан во Русија.

Ќе го откопаат и ќе го испратат во Канада“, вели Миријам – „Не е добра ситуација, но немаме избор. Тоа не е во наша контрола. Можеме само да бидеме трпеливи“.

Карам Жаржур вели дека му олеснало што барем сега знае каде се посмртните останки на неговиот татко, заблагодарувајќи и се на канадската влада за напорите.

Ќерката на починатиот, Миријам Заржур, изјави за канадската телевизија дека таа и нејзиниот брат го идентификувале телото на нивниот татко откако добиле доказ од канадската влада.

Миријам, исто така, потврдила дека кубанската влада му ги вратила на семејството 10.000 долари што ги платиле за да им биде доставено телото на нивниот татко, но според неа парите не им значат ништо во однос на тоа што им се случи.