Breaking News

„Каков град?“ во киното на Железничка зграда


Во киното на Железничка зграда денеска од 12 часот ќе се одржи настанот „Каков Град“, кој претставува интервенција во јавен простор развиена во рамки на едукативната платформа „Градот како сцена: Изведување на јавниот простор“ на организацијата „Факултет за работи што не се учат“ – ФРУ, Скопје.


Како што информираат организаторите, главниот фокус на платформата е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор кој треба да го користи пошироката заедница на граѓани.


 Во таа насока, настанот иницира идеи како ова кино да стане активен простор за заедницата, користејќи веќе постоечки ресурси да се изгради/осмисли просторна инсталација која треба да зборува за можностите на овој јавен простор.

Учесници на настанот ќе бидат студенти од Архитектонскиот факултет во Скопје, млади архитекти и визуелни уметници. Ментор на проектот е Филип Јовановски. ар/ев/Фото: ФРУ  .


Извор: МИА