Од бисквити до детергенти: Во Србија е прекинат ланец на производство и продажба на фалсификувана стока

222

Пазарните инспектори на Министерството за трговија на Србија претходните денови открија нелегално производство на фалсификувани хемикалии за домаќинство, детергенти и шампони од марката „Проктер&Гембл“, како и фалсификувани бисквити „плазма“.

Министерот за трговија Томислав Момировиќ изјави дека со оваа акција е спречена употребата на фалсификувани производи и истовремено е избегната потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

„Во добро испланирана и координирана акција со припадници на МВР и Основното обвинителство од Нови Сад, извршен е увид и инспектори влегле во нелегално производство на повеќе локации во Нови Сад и во Белград. Во таа прилика е пронајдена и одземена поголема количина фалсификувани производи и тоа 2.021 кондиторски производи, 205 хемиски производи за домаќинството, детергенти за садови, детергенти за перење и средства за лична хигиена, над 11. 000 амбалажи за кондиторски производи и хемикалии за домаќинство, 26 буриња од по 120 литри суровини за правење течен детергент за садови и алишта, огромен број на декларации, налепници и бар кодови подготвени за лепење на пакувањето и ставање во промет“, рече министерката Момировиќ.

Во соопштението на ресорното министерство, се наведува дека Момировиќ рекол дека во Белград е во тек увид, кој се однесува на контрола на печатницата што правела амбалажа за фалсификувани кондиторски производи, при што припадниците на српското МВР заплениле лаптоп, компјутер и мобилен телефон.

„Целата стока беше наменета за понатамошна продажба на пазарите, а зад се стоеше добро организирана група од околината на Нови Сад“, додаде Момировиќ.