Апасиев очекува над 80 илјади гласови и над 10 пратеници

by Фокус

Резултатот од првиот круг реално беше очекуван, а сега очекуваме над 80.000 гласови и двоцифрен број пратеници за да може во идниот парламент да спречиме многу штетни политики, рече претседателот на партијата Левица на вечерашниот Народен собир во прилепското кино „Мис Стон“.

-Очекуваме во изборната единица 4 да влезат минимум двајца, а може и трет пратеник. Резултатот од првиот круг, реално, беше очекуван, ако споредиме со изминатите парламентарни избори кога имавме 37.000, а сега имаме 42.000 гласови. Очекуваме над 80.000 гласови на парламентарните избори што би донело 8 до 10 пратеници.

Во програмата имаме 13 поглавја кои го опфаќаат секој аспект од општественото живеење. Главната порака до граѓаните е да го заокружат бројот 5 на гласачкото ливче и да дозволат млади неподмитливи луѓе да ги застапуваат, бидејќи доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло. На тој начин ќе спречиме многу штетни политики – рече Апасиев.

Поврзани новости