Ковачевски: Немојте да се плашите за иднината на Македонија и на СДСМ

by Фокус
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денес во Гостивар рече дека заедно со граѓаните успеале да го срушат режимот на ВМРО-ДПМНЕ и, како што рече, да ја ослободат државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ после 11 години изолација.

Ковачевски рече дека СДСМ е партија со традиција, пркос и одлучност за евроатланска иднина на Македонија и тоа е најдобар доказ дека лесно не се откажува.

-Во оваа партија не само што има сегашна генерација политичари, во оваа партија има идна генерација политичари која е на кандидатските листи. Ние немаме на листите кандидати од минатото како што има ДУИ или третиот ешалон на Никола Груевски како што има ВМРО-ДПМНЕ.

Ние имаме млади, прогресивни луѓе како Ема, како Агрон и како многу други ширум сите изборни единици и затоа немојте да се плашите ниту за иднината на Македонија, ниту за иднината на коалицијата, ниту за иднината на СДСМ, ниту за својата иднина, затоа што има кој да се грижи за неа заедно со граѓаните – рече тој.

Поврзани новости