Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Јава

39

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на индонезискиот остров Јава, соопшти локалната агенција за геофизика.

Земјотресот е почувствуван и во Џакарта, каде се евакуирани некои згради, како и во близина на градот Бандунг.

Не е издадено предупредување за цунами, додека Геолошкиот институт на САД (USGS) соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 68,3 километри.

Индонезија, архипелаг од 17.000 помали и поголеми острови, се наоѓа на спојот на три големи тектонски плочи. Таа земја се наоѓа на огнениот прстен на Пацификот, каде има голема вулканска активност и чести се силни земјотреси.

Во Индонезија, 170.000 луѓе загинаа во големиот земјотрес и цунами во 2004 година.