Мицкоски: Европски ли е кога Ахмети викаше УЧК во Скопје?

by Фокус

Додека се колнат во ЕУ, ја купуваат Соравија, додека зборат за правда делат шамари во контролата на летање во Скопје. Додека народот гладува тие си слават родендени во државни институции. Додека зборат за стандарди, на онкологија ги крадат болните од рак. И треба да знаете дека ниту една лекција не ја научија. СДСМ не се огради од криминаот на ДУИ, ниту пак има намера, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Виница.

-Дали кога Али Ахмети викаше среде Скопје УЧК, УЧК е европски чин? Дали тоа доликува на европскиот фронт на ДУИ? Исто како што купувањето на Соравија што е европски чин, од страна на голобрадо момче, случајно кој е внук на Ахмети, исто како што Мерко е европски градоначалник, море светски… како Артан што возеше ауди со полициски флешери на име на фирмата што зела тендер на Шапка? Е сето ова е многу европски, директно не носи во ЕУ – рече Мицкоски.

Тој потенцира дека однесувањето на ДУИ и СДСМ ја подрива европската идеја во Македонија.

-Тие стануваат минери на европската идеја затоа што народот нив не ги идентификува со Европа и има европски функционери кои се срамат што ликови како Артан, Мерко и Талат овде зборуваат за ЕУ. Затоа што ЕУ не е олицетворение на корупција како што се Артан, Мерко и Талат. И затоа резултатот е таков во првиот круг – рече Мицкоски.

Поврзани новости