Кошаркарите на МЗТ Скопје со негатива од пет поени (73:78) ќе патуваат на реваншот против Спартак Суботица во рамки на полуфиналната плејоф пресметка во АБА2 лигата.

Актуелниот македонски шампион потфрли во неколку сегменти од играта, особено во шутот за три поени (7/29) и во скокови (24 за нас, 46 на Суботица), па на крајот може да биде и задоволен што е толкава разликата во корист на протвничкиот тим.

Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Војдан Стојановски со 20 поени, но и катастрофален шут за три поени (0/6), Делалиќ уфрли 13, додека Баковиќ 12 коша.

Фото: Петр Стојановски