Во семеен дом пронајден починат 50-годишник од Кочани

На 26.04.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека во семејниот дом во Кочани, околу 09.30-10.00 часот, З.Ф.(52) го пронашол починат својот брат Ѓ.Ф.(50), двајцата од Кочани.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош Кочани.

По насоки на надлежен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.